Friday, June 4, 2010

Добредојдовте!

Светските Обединети Колеџи е единствената меѓународна организација која што образува ученици од сите краишта на светот, внимателно одберени преку нивните Национални Комитети, земајќи го во предвид нивниот академски успех и потенцијал, без разлика на финансиската состојба. Овие ученици живеат и учат заедно во еден од 13-те колеџи низ целиот свет, а ја следат најпрестижната подготвителна програма за понатамошни додипломски студии, Меѓународната Матура, или во светот попозната како International Baccalaureate (IB).

Моментално во светот постојат следниве Светски Обединети Колеџи:

-Светски Обединет Колеџ на Адриатикот (www.uwcad.uwc.org)

-Светски Обединет Колеџ на Атлантикот (www.atlanticcollege.org)

-Светски Обединет Колеџ во Коста Рика (www.uwccr.com)

- Ли По Чун Светски Обединет Колеџ (www.lpcuwc.uwc.org)

-Махиндра Светски Обединет Колеџ (www.muwci.net)

-Светски Обединет Колеџ во Мастрихт (www.uwcmaastricht.com)

-Светски Обединет Колеџ во Мостар (www.uwc-ibo.org)

-Пирсон Светски Обединет Колеџ (www.pearsoncollege.ca)

-Нордиски Светски Обединет Колеџ (www.rcnuwc.no)

-Симон Боливар Светски Обединет Колеџ (www.sbuwc.uwc.org)

-Светски Обединет Колеџ Југо-источна Азија (www.uwcsea.edu.sg)

-Ватерфорд Камлаба Светски Обединет Колеџ (www.waterford.sz)

-Светски Обединет Колеџ во САД (www.uwc-usa.org)

Официјалната страничка на Светските Обединети Колеџи е: www.uwc.org